Сега и во Cross верзија
» Комплетно подновена, новата гама на Tipo настапува како уште помодерен, подинамичен и елегантен автомобил. На новата предница е редизајнирана маска на која се наоѓа и новото со букви испишано лого на Fiat, која на Tipo му дава значаен и силен став. Предните светла се комплетно редизајнирани и исто како задните се со фул-лед технологија со што се зголемуваат активната и пасивната безбедност благодарение на поголемата видливост. Со нив се истакнуваат не само линиите на автомобилот, туку му даваат и посовремен изглед и истовремено го прават Tipo поодржлив до најмалиот детаљ. Од страните, на нискиот дел на автомобилот кој е комплетно редизајниран со вклучување на елементи финиширани со засенчен хром, се надоврзуваат новите тркала од лесна легура од 16 или 17 инчи со дијамантирана обработка и нови дизајни.
Внатре амбиентот е потполно нов. Седиштата се со ткаенини со ексклузивни дизајни, а дигиталниот команден дел со екран на допир од 7 инчи може да се конфигурира според потребите и ја заменува стандардната аналогна инструмент табла. На него одлично се надоврзува најновиот аудио систем UConnect 5 со екран на допир од 10,25 инчни како опција. Управувачот сега е покомпактен и обликуван за да биде со подобра ергономија, а исто така овозможува и совршена видливост на екранот на збирниот команден дел. Посебно внимание е посветено и на централната контролна табла каде што се преработени командите за клима-уредот и додадени хромирани и црни инсерти. Новата гама на Tipo е на располагање и во две нови нијанси – океански сина и пиперка портокалова.
Обновениот Fiat Tipo може да биде опремен со 1.6 Multijet дизел мотор со 120 KS, 1.3 Multijet со 95 KS или пак со новиот 1.0 GSE бензински мотор со 100 KS и познатиот 1,4 литарски мотор со 95 KS. Покрај досегашните хечбек, седан и караван верзии, гамата сега е проширена и Cross изведбата која недостасуваше. Цените започнуваат од 11.490 евра.