Tags:
Премолчена предност на дизелите

Дизелите се побезбедни при судир

» Ризиците при судир автомобилот да се запали се реални бидејќи горивото може да се распрска по врелите делови на моторот и запали. Најголемите температури се на вжарените издувни цевки непосредно на излезот од коморите за согорување. Врел е и турбо компресорот кој при полно оптоварување на моторот се загрева и на повеќе од 900° C што е на точката на црвена вжареност. Затоа автомобилите се опремени со безбедносен инерциски прекинувач кој ја исклучува струјата за пумпата за гориво во случај на судир да не продолжи да пумпа гориво кое низ напукнатите цевки и приклучоци би се распрскало по моторот. Но горивото кое веќе е во цевниот систем, каналите и всисните цевки е под притисок и може да предизвика пожар. Затоа без оглед на сите мерки за заштита на современите мотори, ризикот од запалување после потешка сообраќајна незгода, посебно ако автомобилот се има превртено, не може целосно да се избегне. А во тоа автомобилите со дизел мотор имаат премолчена предност – ризикот кај нив е десет пати помал отколку кај бензинците и практично е занемарлив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *