Tags:
Предлог до регулаторна за цените на горивата

За подобро наше ментално здравје

» Со оглед на бројките кои во ценовникот на регулаторната комисија за енергетика секој ден се менуваат, предлагаме да се воведат нови правила за цените на горивата – место како досега колку денари чини литар бензин или дизел, да ни кажуваат колку можеме да купиме за, на пример, 100 денари. Не дека ќе ни изгледа поевтино од сегашните цени на горивата, кои на еуросупер БС-95 изнесуваат 111,50 денари, на БС-98 113,50 денари а на дизелот 107,50 денари, туку бидејќи ќе ни биде потешко да сфатиме колку всушност тие се покачиле, нема толку да се секираме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *