Tags: , ,
Првото појавување на Unimog

Работна машина која фасцинира од своето прво појавување

» Малку од историски, повеќе од деловни причини, почетоците му беа комплицирани но причините за успех едноставни – Unimog уште од првиот ден одушевуваше. Премиерно се појави на земјоделскиот саем во Франкфурт 1948 година како производ на фабриката за машини Boehringer. Таму возилото предизвика сензација – никој не ни можеше да замисли дека земјоделски трактор може да има две седишта, простор за товар, погон на сите тркала, оски со пружини и со четирицилиндричниот дизел мотор со 25 KS од Mercedes да развива максимални 50 km/h. Уште помалку дека компанијата таму за него ќе собере 150 нарачки…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *