Сериозен атак врз Golf
» Шестата генерација на Astra или 11-тата ако го броиме и Kadett сериозно ќе го предизвика Volkswagen Golf. Иако изгледот допрва ќе го дознаеме, технички за неа многу се знае. Ќе биде поставена на EMP2 платформата на Stellantis, поточно на PSA групата, која меѓу другите ја користи и новиот Peugeot 308. Тоа значи дека од него ќе ги добие и погонските групи – 1,2 литарскиот трицилиндричен бензинец со 110 и 130 коњски сили, 1,5 литарскиот дизел со 130 KS и двете плаг-ин верзии со вкупно 180 и 225 коњи, способни без капка бензин да поминат 60-тина километри. Секако, ќе биде на располагање и во караван варијанта. Французите својот лав за 2023 година го подготвуваат во чисто електрична изведба, додека Германците сé уште се немаат прецизно изјаснето за електрична Astra. Освен механиката, променето ќе биде и местото на производство – место во Гливице, Полска и Елсмир Порт, Велика Британија како сегашната генерација, новата Astra L и како Opel и како Vauxhall, ќе излегува од погоните во Риселсхајм, Германија.
Лани во класата Astra со продадените 70.008 примероци (за 48% помалку од 2019-тата) беше деветта во Европа, додека лидерот Golf успеа да стигне до 283.651 купувачи.