И светскиот автомобил на годината ќе биде електричен
» После европскиот, и светскиот автомобил на годината ќе биде електричен – дури може да случи и тука Kia EV6 да биде победник бидејќи таа е еден од тројцата финалисти кои сите се електрични. До титулата нема да стигне лесно бидејќи во конкуренција уште се и Ford Mustang Mach-E и Hyundai Ioniq 5, кои таа веќе ги победи во Европа. Глобалните вкусови сепак се различни, за што до 13 април треба да пресудат стотината автомобилски новинари од целиот свет. Тие треба да доделат признанија уште и во пет други категории – електричен, градски, луксузен, перформансен и најдобро дизајниран автомобил. Пропозициите за изборот предвидуваат дека кандидатите мора да се произведуваат во минимално 10.000 примероци годишно, да немаат цена на ниво на луксузните возила и во периодот од 1 јануари претходната до 30 март тековната година да бидат лансирани најмалку на два големи пазари на два различни континента. Ќе биде интересно да се види кој ќе победи во категоријата светски електричен автомобил.