Tags:
Нов понеделник, нови цени на горивата
»  

Го изгубивме компасот што е малку, а што не е

» Ако до пред некој месец кога горивата ќе поскапеа за денар и половина велевме дека е многу, сега не знаеме што да кажеме. Затоа место нас регулаторната комисија за енергетика вели дека од утре бензините ќе поскапат токму за толку – за денар и половина, а дизелот за два и половина, па вие сами одредете си дали е тоа многу или малку. Но како и да пресечете, од ноќеска среде ноќ бензинарите на пумпа ќе ви потражат по 81,50 денари за бензин 95, по 82,50 денари за литар дизел и по 83,50 денари за еуросупер БС-98. Ако пак ја имате таа храброст да побарате метан, тогаш со сметката ќе ви дадат шеќерче и вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *