Дизелот губи здив
» Петочки, регулаторната комисија за енергетика реши да ни го поевтини дизелот, на радост на викендашите кои ќе можат да отпатуваат за неколку стотици метри подалеку за истите пари – место 106,50 новата цена на дизелот сега изнесува 104 денари. Оние кои одат на викенд со бензин ќе мора останат на истите места бидејќи цените остануваат исти – 109 денари за 95 и 111,50 за 98.