Зошто големо кога може да биде огромно?
» BMW ни лансираше нови информации за идната серија 7, која ги одбројува неделите до своето премиерно претставување. За неа изнесоа интересни податоци кои останаа засенети од огромната маска што знаменосецот на марката ја има. Но како нејзината големина да не беше доволна, таа плус е и осветлена – да се знае кој е кој! Покрај лимузината со класични мотори, BMW ќе ја престави и нејзината електрична варијанта i7, за која тврди дека ќе има автономија од преку 600 километри. Акцент се става и на големото присуство на електроника, чии начини на работа се осмислени да му овозможат на возачот прецизно да ги прилагоди возните карактеристики и атмосферата во внатрешноста. А во неа патниците на задните седишта имаат на располагање екран со големина од 31 инч и 8К резолуција… Кога е големо, нека биде!