Горивата во плус денар ипол
» Зарем очекувавте регулаторната комисија за енергетика после за нив неработниот и очигледно релаксирачки викенд да ни сервира нешто друго?! Но што и да сте се надевале, од утре ќе нé крстат со за денар ипол поскапи горива – бензинот 95 ќе чини по 83,50 денари, оној од 98 октани ќе биде вообичаено за два денари поскап, а за литар дизел ќе плаќаме по 87,50 денари.