Tags: ,
Ferrari Purosangue – фотографија која го обиколи светот

Падна и последниот бастион

» Деновите каде и да кликнете, се појавува првата официјална фотографија на првиот SUV на Ferrari наречен Purosangue. Taa предизвикувајќи многу внимание го обиколи светот, најавувајќи дека падна и последниот бастион. Дотолку што веќе започна да кружи нова кратенка – FUV, како Ferrari Utility Vehicle. Но што навистина може да се очекува? Искрено, помалку од она што го мислиме, но сигурно повеќе од она што како комерцијален одговор се очекува од купувачите. Техничките детали за Purosangue ни оддалеку не се познати, но бидејќи една марка како Ferrari не би си дозволила да се компромитира, не се сомневаме во ниту една бројка што допрва ќе биде објавена. Дотогаш, како доказ дека сме во право, ќе ни служи оваа фотографија на која се гледа предниот дел на SUV моделот со коњче на носот, која доволно кажува да се сфати дека неговиот стајлинг ќе биде нешто за што во блиска иднина ќе знаеме дека фалело сите овие години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *