Се наоѓа во Кина, разбира
» Во современиот свет Кина е позната како една држава со два различни економски системи – комунистички и капиталистички. Како тој систем функционира веќе им е познато на сите жители на планетава преку производите Made in China. Но, во Кина има и други работи кои го носат тој печат, како на пример најдолгиот поморски мост во светот.
Со неговото отварање за сообраќај во 2018 година, физички се поврзаа Хонг Конг и Макао кои до скоро беа под британска односно португалска управа со континенталниот дел на земјата кој сé уште длабоко ги носи белезите на комунистичко управување. Идеите за нивно поврзување потекнуваат уште од доцните осумдесети години, но реализацијата е започната во 2009 година. Мега-проектот се состои од мост со должина од 48,3 km кој потоа преку вештачки остров влегува во подводен тунел долг 6,7 km. Ова решение е направено заради обезбедување на непречено поминување на бродовите преку делтата на Бисерната река. Целиот проект чинеше 18,8 милијарди долари, сума која е повеќе од двојно повисока од проектираната. Шпекулациите базирани на продолжување на роковите за изградба помеѓу останатото говорат и за одредени коруптивни дејствија, но сепак тоа се само шпекулации а мостот е реалност од која сите профитираат. Проектиран е да трае 120 години, а за поминување преку него се плаќа меѓу 11,5 и 30 долари.