Ова треба со закон да се забрани
» Копајќи по интернет пространствата во потрага по вести од автомобилскиот свет, налетавме на нешто што не е ново, ама е без конкуренција. Се работи за трансформација на BMW X6 на компанијата AG Excalibur од Литванија со која е добиена оваа креација наречена AG Alligator, за која единствено нешто што ни паѓа на памет е – вандализам. Затоа и без грижа на совеста можеме слободно да кажеме дека вакви преработки на автомобили е потребно со закон да се забранат, без образложување!