Bugatti Chiron, 490,48 km/h
» Лани летото на фабричката патека на Volkswagen во Ера-Лесјен, Германија, тест возачот на Bugatti Енди Волас со претпроизводствен прототип на Chiron Super Sport 300+ успеа да постигне брзина од 490,48 km/h, поставувајќи го овој хиперспортист на врвот на листата најбрзи возила во светот. Иако рекордот официјално не е признат бидејќи е постигнат во само едно возење, тој сепак е верификуван од екпсертите од TÜV кои ги споредуваа резултатите од неколку независни мерни системи. Со тоа, оваа специјална верзија на Chiron стана првиот и остана единствениот автомобил кој ја надминал границата од 300 милји на час и прв кој опасно се приближил до 500 km/h. Иако имаше некои најави, досега никој не го предизвикал.