Предвиден за 2024-та
» Најавувајќи ја својата соработка со General Motor на полето на електричните возила пред година и нешто, Honda и официјално излезе со првите детали за тоа. Јапонците всушност освен името Prologue ништо не кажаа, но јавноста веќе знае дека се работи за SUV модел базиран на Ultium платформата и батериите кои GM за прв пат ќе ги примени кај Cadillac Lyriq кој ќе се појави на пазарот во првиот квартал идната година. Индустријата пак знае дека моделот на Honda најверојатно ќе се произведува во една од фабриките на General Motors во Мексико. Покрај Prologue, Honda за истата година планира уште еден електричен SUV модел под знакот на Acura, кој пак ќе се произведува во САД.