Tags:
Мотор со две брегасти оски во главата (видео)

Изум на Peugeot од 1912 година

» Разводниот механизам на четиритактните мотори може да биде изведен со брегаста оска во блокот или во главата на моторот. Првото решение се нарекува overhead valve, скратено OHV и е застарено и денес скоро сосема исфрлено од употреба, а второто overhead camshaft (OHC). Со цел за зголемување на перформансите и овозможување моторот да работи на повисок број вртежи, францускиот Peugeot во 1912 година конструираше автомобил за трки со две брегасти оски во главата на моторот – DOHC. Следеа и други производители со вакви мотори, главно наменети за тркачки и луксузни автомобили, така што дури во ’50-тите години овие мотори започнаа да се вградуваат во ценовно попристапните возила.

За тоа најмногу се заслужни Alfa Romeo и Fiat кои за нив ја користеа ознаката bialbero, во превод две дрвја. Првите нивни вакви мотори имаа по два вентила на цилиндар кои благодарејќи на двете брегасти оски во главата имаа поголеми вентили поставени под агол со што се подобрија полнењето и празнењето на цилиндрите и зголеми силата на моторот. Денес моторите со две брегасти оски имаат по 2, 3, 4 или 5 вентили на цилиндар, при што во случај на нивни непарен број повеќе се всисни отколку издувни. Брегастите оски можат да бидат задвижувани со ланец (кој пак може да биде единечен или двоен) или со запчест каиш. Постои и комбиниран метод на задвижување кога брегастите оски се поврзани со ланец или со запченици, а само една од нив е задвижувана од коленастото вратило.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *