Tags: ,
Мачката и глушецот (видео)

Некогаш, сега и во иднина

» Брзината е проблем за безбедноста во сообраќајот уште пред да се појават автомобилите. Затоа и задолжените за редот постојано смислуваат нови начини како да се спречи брзото возење. Со појавувањето на модерната техника кои нив ги ловат во вид на радари и камери, надмудрувањето на полицијата и возачите добива на интензитет. Еве три примера за тоа.

Првиот е од крајот на шеесеттите, кога швајцарската фирма Multanova вгради радар во Volkswagen Transporter за да возачите не го препознаат и да ја намалат брзината. Гломазната техника од тоа време бараше темелни промени на комбито, кое го изгуби совозачкото седиште и доби една екстра врата на предниот дел. Најмногу се користеше во Белгија, Холандија и Германија.

Денес на полициските службеници не им треба толку простор за ваков тип опрема, но идејата за маскирање на радарот живее во производот на германската фирма Vitronic. Како што се гледа, радарот и камерата се спакувани во автомобилска приколка која едноставно се довезува до местото за контрола на брзината и остава таму да си ја врши „работата“.

И третиот пример доаѓа од истата компанија. Се работи за фиксен систем кој истовремено може да ги контролира возилата во повеќе коловозни ленти во двете насоки, со различни брзински ограничувања. Се подразбира дека податоците за оние кои не ги почитуваат правилата се испраќаат безжично таму каде треба.

коментари:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *