Единствена, сестрана и функционална – умните решенија на Panda
» Во текот на својата долга историја Panda била и сé уште е кралица на умните решенија. Заради својата прилагодлива и доста функционална природа која ја прави погодна за најширок спектар употреби и најразлични авантури стекна репутација на автомобил за секоја прилика. Купувачите кои скоро половина век наново ја бираат заради компактноста, достапноста и забавата добро знаат дека во малата коцкаста каросерија има спакувано мноштво предности. Лука Наполитано кој во Fiat беше задолжен за планирање на продуктите за регионите на Европа, Блискиот Исток и Африка, во ова видео ја донесува приказната за сите решенија кои на Panda ѝ донесоа успех во своите три досегашни генерации.
Навраќањето во минатото ќе открие зошто Panda отсекогаш умееше да воодушеви со своите оригинални карактеристики, замислени и направени да угодат на оние кои се во возилото, со идеален баланс меѓу формата и практичноста. Модуларните седишта, задната врата и рамниот багажен простор се некои такви. Заради нив често се вели дека Panda е функционална икона во поставата на Fiat, најрационален, најпристапен и најнароден автомобил. Пространоста и сестраноста се само дел од особините кои луѓето ги сакаат од својот автомобил. Panda има и повеќе од тоа. Затоа е еден вид архетип, референтен модел во смисла на практичноста и употребливоста.
Panda беше првиот градски автомобил со систем за кочење во случај на опасност, прв со држач за мобилен телефон а дел од Panda Uconnect апликација е и Waze навигацијата. D-Fence пакетот има филтер за патничката кабина, чистач на воздух и УВ-лампи за санитизација на внатрешноста на возилото и елиминирање до 99% бактерии. Не треба да се заборави ни дека Panda беше прв мал автомобил кој нудеше хот-спот за мобилни уреди користејќи вграден Wi-Fi. Тоа е магијата на Panda – автомобил кој од генерација во генерација одржува чекор со модерните времиња.