Една лоша, една добра вест за возачите
» Возачите денес добија две вести – една лоша, една добра. Лошата вест е дека бензините поскапуваат, а добрата дека цената им се зголемува само за малку. Конкретно, според денешната одлука на регулаторната комисија за енергетика еуросупер 95 ќе се продава за половина, а еуросупер 98 за цел денар поскапо, односно за 88,50 и 91 денар. Цената на дизелот останува иста – 90 денари за литар.