Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>1 октомври 1908 година

Денес е официјалниот роденден на Ford Model T (4*видео)

» На Хенри Форд и неговите инженери им требаа цели пет години да направат издржлив и евтин автомобил наменет за широките маси. Во тоа успеаја дури во 20-тиот обид, заради што тој ја доби буквата Т, која е 20-та во абецедата. Model T имаше 2,9 литарски мотор со 20 KS и двостепен планетарен менувач, постигнуваше максимални 40-45 милји на час (64-72 km/h), трошеше меѓу 11 и 18 литри бензин, керозин или етанол на 100 километри и кочеше само со задните тркала, но ја започна револуцијата во автомобилската индустрија – со воведувањето на монтажната лента во 1913 година, Ford беше во можност евтино да го произведе притоа плаќајќи работниците повеќе. На почетокот Model T чинеше 825 долари, што е еквивалент на денешни 23.500. Со текот на времето цената постојано се намалуваше и стигна до само 260 долари (денешни околу 3.800). Заради проблеми производството кое започна на денешен ден 1908 година беше прекинато, но продолжи после пет дена и до 1927 година беа направени 15.007.033 примероци од него. Постоеја триесетина различни изведби а покрај во САД се произведуваше уште и во Канада, Велика Британија, Ирска, Германија, Франција, Шпанија, Данска, Норвешка, Белгија, Мексико, Бразил, Аргентина, Јапонија и Австралија. Остана автомобил со најмногу произведени примероци до 1972 година, кога приматот го презеде Volkswagen Буба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *