Нема да верувате – 77,6 литри на 100 km!
» Иако култниот Bugatti Veyron EB 16.4 одамна доби наследник, пикантериите поврзани со него не престануваат да изненадуваат и фасцинираат. Таква е и потрошувачката на гориво, која како што знаеме при максимална брзина најмногу заради отпорите на воздухот е енормно голема. А како и сé друго кај овој автомобил кој ги помести инженерските лимити, и таа достигнува стратосферски величини. Конкретно, ако Veyron вози со својата максимална брзина од 407 km/h што е можно само теоретски, резервоарот за гориво од 100 литри ќе го испразни за 19 минути. Бидејќи за тоа време ќе помине 129 километри, испаѓа дека во такви услови ќе троши дури 77,6 литри на 100 km!