Големо изненадување… Или можеби и не е?!
» Додека другите освоија по 4 или 5 ѕвездички, моделите на Renault завршија целите искршени со нула за Zoe и една ѕвездичка за Dacia Spring. Ако добро ги следите правилата на EuroNCAP тогаш може да се каже дека беше очекувано овие два модела да поминат лошо – Zoe е стар девет години, а Spring се произведува во Кина. Но никако не волку лошо и уште помалку Spring да биде побезбеден од Zoe. Затоа, Renault добро треба да се запраша зошто неговите електрични претставници толку потфрлија, посебно што меѓу другите тестирани е и кинескиот MG Marvel R кој помина многу добар.
Во историјата EuroNCAP нула ѕвездички се вистинска реткост – ги имаат добиено само Punto во 2017-та и Panda во 2018 година.