Приказна за прочуената патека и нејзината поврзаност со легендарните теренци
» Неверојатната приказна се затркала дамнешната 1953 година кога првите теренци тргна во голема авантура и ја помина патеката Рубикон сместена во планините меѓу Калифорнија и Невада, која важи за една од најтешките теренски патеки во светот. Тогаш група од околу 150 пријатели со своите Jeep возила тргна преку тешката гранитна патека низ планините Сиера Невада на пат до езерото Тахо. Тој полигон толку им се допадна на луѓето од Jeep што започнаа да ја користат патеката за сите претстоечки модели. Таа љубов трае уште, веќе седум децении, со цел да се подобрат теренските способности на возилата и унапреди развојот на новите модели и технологии.
Ова возење, оригинално замислено како начин за поддршка на локалната економија, дојде точно во моментот кога возилата од оваа марка започнаа да стануваат повеќе возила за лични пустоловини, а помалку работни машини. Патеката Рубикон, една од најпредизвикувачките во светот, е долга 35 километри, делумно одржуван пат, а делумно беспаќе кое поминува преку големи карпи, каменит терен и огромни и стрмни гранитни наклони со остри падини, како и преку реката во близината на езерото, која првите доселеници ја нарекоа по истоимената река во Италија северно од Рим која Јулие Цезар ја има преминато во 49-тата година пред нашата ера. Потсетувајќи се на историјата, изразот Рубикон сега означува граница која кога ќе се премине или совлада, не дозволува враќање.
Користењето на патеката од страна на инженерите на Jeep резултираше со подобрување на теренските можности на моделите на оваа марка. Доведе до развој на битни иновации, како што се Rock-Trac 4:1 преносниот склоп, Quadra-Drive II погонот, Tru-Lok блокадата на диференцијалите, системот за исклучување на предниот стабилизатор, заштитата на подвозјето, предните Dana 44 оски, мултилинк ослонувањето, BLD системот за блокада на диференцијалите со користење на сопирачките…