За поголема безбедност на пешаците
» Анализите на сообраќајните несреќи имаат покажано дека пешаците при судар се здобиваат со повреди кога главата ќе удри во хаубата под која на мало растојание се наоѓаат масивни делови од моторот. За да се намалат, инженерите имаат конструирано систем кој ја подигнува хаубата при судар, на тој начин зголемувајќи го растојанието меѓу главата на пешакот и моторот. За тоа под хаубата се монтираат два механизми налик на пумпички, од левата и десната страна по еден. Кога сензорот во предниот браник ќе детектира притисок тој испраќа сигнал до електрониката да ги активира. EuroNCAP тестирањата покажаа дека овој систем прилично ги ублажува последиците и намалува повредите на главата кај пешаците при налетување на возило.