Tags:
Како да се препознаат дотраените сопирачки?

Најважниот дел на автомобилот

» Сопирачките се најважниот дел на автомобилот – без нив не може ни да се помисли да се вози. Затоа тие мора да се одржуваат во беспрекорна состојба. Но како да се препознае дека нешто не е во ред? Шкрипењето е сигурен симптом дека кочните плочки се излижани, исто како и „омекнувањето“ на педалата, но причина за тоа може да биде и неисправен главен цилиндар или течење на маслото од системот за сопирање. И вибрациите и побавното „фаќање“ на сопирачките е знак за дотраеност на кочните плочки, а дополнителна причина за вибрациите може да биде и деформираност на дискот. Ако при кочење автомобилот занесува на една страна, тоа може да се случи заради тоа што едната кочна клешта посилно притиска, а постои веројатност цревото да е оштетено. Ако започне да мириса на изгорено застанете и проверете мирисајќи го секое тркало да не се заглавила сопирачката на него. Во тој случај не е паметно да се продолжи да се вози. Можно е и рачната сопирачка да не е спуштена докрај – спуштете ја и продолжете да возите, но внимателно додека сопирачките не се оладат од струењето на воздухот. Секако, механичарот треба да се посети и ако се запали контролната сијаличка на инструмент таблата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *