Браво Дејан!
» И ние имаме со што да се пофалиме – Дејан Христов е дизајнер од Скопје со исклучителна вештина во Photoshop, која во пресрет на спојувањето на FCA и PSA и во духот на времето во кое живееме ја преточи во интригантен и стилски електричен модел од А-сегментот, односно идните генерации на Peugeot 108, Citroen C1, Opel Adam и Fiat 500 Cinqueporte, за да приказната ја зачини со Toyota Aygo, DS 1 и две верзии на сопствениот Kugel 33. Уникатноста на секој од нив е загарантирана со препознатливите семејни дизајнерски црти. Впрочем, да не зборуваме многу – пред да му честитате на Дејан, разгледајте ја фото галеријата.