Не, не е на воланот
» Некако само по себе ни доаѓа дека најмногу бактерии во автомобилот има на воланот, но не е така. Истражувачите од еден американски универзитет го провериле тоа и резултатите се благо изненадувачки. Според нивната студија багажникот е вистинско легло на бактерии – таму микробиолозите идентификувале дури 1.425. Следат седиштето на возачот со 649, рачката од менувачот со 407, задните седишта со 323 и инструмент таблата на која се пронајдени 317 различни бактерии. На воланот кај кој очекувавме најголема контаминација се идентификувани само 146 бактерии. За да се намали опасноста по здравјето истражувачите советуваат редовно чистење на автомобилот вклучувајќи ги и багажникот, држачите за чаши, шевовите и пукнатините на ткаенините и облогите, но и отворите за вентилација кои заради оптималната температура претставуваат плодно тло за размножување на бактериите.