Воведен бесплатен јавен превоз во Скопје
» Откако два дена последователно на четири мерни места во Скопје се измерени над 150 μg/m³ ПМ10 честитки, градот Скопје ги активираше мерките за заштита на здравјето на граѓаните кои меѓу другите предвидуваат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и на приватните превозници, интензивна контрола дали возилата што излегуваат од градилиштата имаат измиени тркала и се покриени со церади заради контрола на прашината, зачестено машинско миење на улиците и друго. Се очекува и министерството за внатрешни работи да ја ограничи обуките на автошколите од 9:30 до 14:30 и по 18:00 часот, да ги зајакне контролите на почитување на забраната за движење на тешки товарни возила чијашто крајна дестинација не е Градот Скопје и да врши зачестени контроли на издувните гасови на возилата кои учествуваат во сообраќајот. Овие мерки ќе важат сé додека концентрацијата на ПМ10 цврсти честички не се намали под 100 микрограми на кубен метар.