Добри вести, за некои од нас
» Почитувајќи ги желбите на своите купувачи, сé до 2026 година која како термин е одредена сите идни модели да бидат само електрични, Audi нема со сила да ја форсира целосната електрификација на својата гама – веќе е потврдено дека наредната генерација на A4 ќе остане верна на моторите со внатрешно согорување. Планиран за претставување во 2023 година, овој модел и понатаму ќе биде базиран на сегашната MLB платформа и во него ќе се вградуваат нови, веќе развиени агрегати. Раководството на Audi не открива кои се тие, но јасно става на знаење ќе бидат и бензински и дизел. Секако, дел од нив (а можеби и сите) ќе имаат блага 48-волтна хибридна поддршка, а извесно е дека и А4 ќе биде понуден како плаг-ин хибрид.
Идната генерација на Audi A4 ќе остане во продажба до крајот на деценијата, а можно е паралелно со неа да биде понуден и електричен модел со слична големина. A4 учествува со околу една петтина во целокупната глобална продажба на Audi.