Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>10 јуни 1947 година (2*видео)

Авион без крила

» По завршетокот на втората светска војна, шведскиот производител на авиони Saab реши да го пренамени вишокот свои капацитети за производство на автомобили и уште во 1945 година го стартуваше проектот 92 од кој произлезе Ursaab, чие име во превод значи оригинален, односно првобитен Saab. За неговиот развој беше задолжен тим од 16 луѓе, главно авијатичарски инженери без никакво автомобилско искуство, од кои само двајца имаа возачка дозвола. Прототипот тежеше само 800 kg и имаше доста аеродинамична каросерија. Откако се докажа поминувајќи 530.000 километри во тајност главно ноќе низ шведските беспаќа, беа направени уште три прототипа од кои вториот со број на шасија 92002 беше претставен на новинарите на 10 јуни 1947 година. Од нив во 1949 година се изроди серискиот Saab 92.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *