Tags: ,
Затворен систем за ладење – скриена иновација на Renault 4

Затворениот систем за ладење го воведе Renault 4 во 1961-вата

» Иако за Renault 4 се знае многу, ретко се споменува една негова иновација – тој го воведе затворениот систем за ладење на моторот. Дотогаш моторите со водено ладење имаа отворен систем во кој освен во зимски прилики се користеше вода, која, како добро знаеме, врие на 100 степени целзиусови. Затоа и при зголемени оптоварувања, особено во лето, моторите често прегреваа. Плус на тоа, заради испарувањето, нивото на течноста се намалуваше и беше потребно редовно да се контролира и дополнува. Во спротивно, хаваријата на моторот беше неизбежна.

Инженерите на Renault кои го проектираа малиот џин смислија едноставно решение – го затворија системот за ладење за да работи на повисок притисок (а со тоа и повисока температура) и вградија компензациски сад од кој се надоместуваше губитокот на течноста за ладење. Но со тоа стигна и важно предупредување – не отворајте го капачето на ладилникот или компензацискиот сад додека моторот не се олади, бидејќи токму заради притисокот ќе дојде со опасно прскање на врелата течност. Притисокот во разладниот систем на Renault 4 беше 0,3 до 0,5 бари над атмосферскиот, а воедно беше воведена и целогодишна разладна течност на база на отровниот етилен-гликол, подобро позната како антифриз. Тоа овозможуваше зголемување на работната температура на течноста за ладење на моторот на Renault 4 на 110° C, со точка на вриење од околу 115° C.

Денес моторите користат системи за ладење со работен притисок до 2 бара кој овозможува работна температура и сигурно подрачје до 130° C и точка на вриење околу 135° C. Се користат и поквалитетни материјали и течност за ладење, со што е зголемена ефикасноста на моторот и намалени топлинските губитоци. Резултат на тоа се поголемата сила, помалата потрошувачка и зголемената издржливост на моторите. Сето тоа му го долгуваме на Renault 4.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *