Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>12 мај 1988 година

Спортскиот автомобил кој сите брзо го заборавија

» Кога Ford го подготвуваше наследникот на Capri, дојде до идеја тој истовремено да биде и четврта генерација на Mustang. И сé ќе беше добро некому да не му текнеше заради заштеда на производствените трошоци да експериментира со предниот погон и механиката позајмена од Mazda 626 како благодет од нивната тогаш доста стабилна соработка. Така настана на денешниот ден ’88-мата претставениот модел Probe кој во Америка тргна експлозивно, најмногу заради популарноста на ваквата концепција која ја наметна јапонската конкуренција. Но за кратко – продажбата од 163 илјади првата година за четири години се намали на четвртина од таа бројка. Следеше редизајн и „ресетирање“ на бројките кои првата година стигнаа до 120 илјади. Но, приказната уште еднаш беше иста – за четири години продажбата повторно се намали на четвртина. Така, во 1997 година овој спортски автомобил кој сите брзо го заборавија беше пензиониран, а Mustang, прескокнувајќи најмалку една генерација, успеа да ја задржи жестината на задниот погон и V8 агрегатите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *