Tags: , , ,
Nissan 300ZX (1983-2000) – фото галерија

Z-трасформација во чудна насока

» Освојувајќи ги емоциите на многу автомобилски фанови низ светот, Fairlady Z постави големи очекувања пред својот наследник. Но во 1980-тите години многу нешта се променија во Nissan кои недвосмислено се одразија и на новиот модел. Името Datsun и официјално беше згаснато, беше проектиран нов V6 мотор, а конкуренцијата истрча со модели со малку поинаква концепција. Затоа и новиот Fairlady Z претставен 1983 година место спортски автомобил повеќе беше GT модел со помодерен дизајн и полуксузен ентериер. За извоз ја имаше ознаката 300ZX, произлезена од зафатнината на моторот од три литри, кој во основната верзија развиваше 160 а во турбо изведбата 200 KS, додека за домашниот пазар се вградуваа и дволитарски редни шестцилиндрични агрегати со 170 коњски сили.

Стручната јавност иако воодушевена од перформансите и возните својства, во голема мерка критикуваше што Fairlady Z стана голем и тежок GT автомобил наместо мал и лесен спортски модел. Меѓутоа на купувачите кои и понатаму имаа избор меѓу двосед и 2+2 седишта тоа очигледно не им пречеше бидејќи 300ZX со години беше најпродаван спортски автомобил во САД, а со максималните 250 km/h и еден од најбрзите. Тоа го предизвика Nissan во 1989 година да го претстави неговиот наследник со мотори со 222 и 300 KS, кои му овозможуваа забрзување до 100 km/h за само пет секунди. Заради тоа освои доста награди, но и помал број купувачи бидејќи сите унапредувања се одразија на цената. Nissan се обиде да ја подобри продажбата со бројни еволуции, но зајакнувањето на јенот ја искачи неговата цена до 50.000 долари. Тоа му ја скрои судбината во Америка каде престана да се продава во 1996 година, додека на домашниот јапонски пазар остана до 2000-тата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *