Но со друга, повисока цена
» Volkswagen e-Up! се врати во понудата на марката. Причината е големиот интерес за електричните автомобили, но и дебелиот еколошки бонус што го дава Германија од точно 9.570 евра. Затоа и цената сега му е повисока и се искачи на 26.895 евра. Од него беа продадени преку 80.000 примероци, а лани на домашниот пазар беше втор најдобро продаван електричен автомобил. Volkswagen за него престана да прима нарачки при крајот на 2020-тата, кога роковите за испорака се развлекоа на 16 месеци. Сега кога редот се исчисти тој се враќа во ценовниците на дилерите, за почеток само во Германија а подоцна и на другите пазари. Неговата замена е планирана за 2025 година, а дотогаш пазарната предност требаше да се препушти на електричните адути од новата генерација на германскиот производител. Но, се појави Dacia Spring…