Храбар потег за еколошката иднина
» Групата Stellantis објави дека до крајот на годината лесните доставни возила на Opel, Citroen и Peugeot ќе добијат водороден погон. Базирани на нивните електрични верзии, Vivaro, Jumpy и Expert ќе имаат автономија од 400 километри, дополнително зголемена со плаг-ин способностите за уште 50. За нивно производство ќе биде задолжено одделението за иновативни производи на Opel во Риселсхајм. Системот горивни ќелии со 45 kW ќе биде монтиран под хаубата, батериите од 10,5 kWh под предните седишта, а трите резервоари за водород со капацитет од 4,4 kg складиран под притисок од 700 бари во подот под товарниот простор. Возилата кои ќе доаѓаат во две должини (со товарен простор од 5,1 и 6,3 m³) ќе имаат носивост од 1.100 kg и бидат способни за влечење приколка тешка 1.000 kg. Полнењето со водород ќе трае три минути. Електромоторот кој ќе ги задвижува до максимални 130 km/h, ќе има 136 KS и 260 Nm.
На дигиталната презентација на новите технологии споменато е и дека гамата водородни возила ќе биде проширена со возила од другите марки (читај Fiat), но и со патнички автомобили. Плановите за продажба и цените не се објавени, но храбро е напоменато дека се очекува проектот да стане профитабилен во наредните неколку години.