Нов понеделник, нови цени на горивата
» Со новата одлука на регулаторната комисија за енергетика, дизелот и бензинот се изедначија. Според одлуката, дизелот поскапе за половина денар а бензинот поевтини за денар и половина, така што нивната цена сега изнесува 110 денари. Вообичаено, цената на 98-октанскиот бензин е поголема за два денари и изнесува 112 денари за литар.