Уште еден шок
» После вчерашното поскапување за 8,50 денари и она од понеделникот за 10 денари, регулаторната комисија за енергетика уште еднаш го поскапе дизелот, овој пат за 3 денари. Сегашната цена од 97 денари за литар ќе важи најмалку до крајот на утрешниот ден, кога можеме повторно да очекуваме шок-вести од регулаторната комисија. Бензинот по некое чудо овој пат куртули и тој и понатаму ќе се продава за 93 денари за литар.