Солиден, но безличен автомобил
» На денешен ден 1993 година Chrysler го претстави Neon, кој се продаваше уште и под ознаките на Dodge и Plymouth. Овој компактен седан со блага спортска душа означи нов правец во моделската политика на корпорацијата. Важеше за солиден но безличен автомобил заради што изостана славата што ја заслужуваше, посебно во Европа.