Ама без името и логото
» На денешен ден 1998 година Volkswagen за 430 милиони фунти го купи Rolls-Royce, победувајќи го BMW чија понуда беше 340 милиони фунти. Но со оваа зделка VW ги доби само фабриката во Кру и правата за користење на маскотата Spirit of Ecstasy и традиционалниот облик на маската, но не и името и логото на Rolls-Royce кои подоцна беа продадени на BMW за 40 милиони фунти. Незгодната ситуација во која секој губи ја разрешија самите Германци меѓусебе – се договорија до почетокот на 2003 година Volkswagen да може да продолжи да произведува возила користејќи ги обележјата, а потоа во негово владение да премине само Bentley, додека пак BMW стартувајќи нова компанија да лансира сосема нов модел на Rolls-Royce кој ќе го прави во нова фабрика.