Првиот концепт во авто-индустријата
» Buick Y-Job, првиот концепт во авто-индустријата, односно автомобил кој не е наменет за сериско производство туку само за покажување нови технологии или дизајнерски идеи, после две години работа на него беше комплетиран и на денешен ден 1940-тата покажан на јавноста. Меѓу другото имаше скриени светла, електрично задвижувани стакла и неколку интересни дизајнерски решенија кои Buick ги користеше до педесеттите години.