Првиот Mercedes со линиски мотор со осум цилиндри
» На денешен ден 1928 година Mercedes го претстави Nürburg 460 W08, првиот свој модел со линиски мотор со осум цилиндри. Овој автомобил беше развиен од Фердинанд Порше. Неговиот мастодонски мотор на почетокот имаше 4,6 литри и 80 KS, а потоа 4,9 литри и 100 односно 110 KS. За 11 години беа произведени 3.824 примероци.