Од времето кога автомобилите поинаку се доживуваа
» Ford Fairlane 500 Skyliner, вториот автомобил во историјата со тврд преклоплив покрив, беше еден од новитетите кои имаа своја премиера на денешен ден 1956 година на салонот на автомобилите во Њујорк. Комплексниот систем кој го сместуваше покривот во багажникот се состоеше од седум погонски мотори, четири механизми за подигнување, шест брави за обезбедување, десет електромагнети, десет граничници и вкупно 186 метри жици.