Дали навистина?
» Крајот на јули 1990 година беше крај и на производство на Citroen 2CV, кога на денешен ден од монтажните ленти на фабриката во Португалија со звуци од локалниот дувачки оркестар се симна последниот примерок. Користејќи ја својата позиција, него го купи директорот на фабриката. Но од тоа некои поважни луѓе во Citroen не беа задоволни, така што неофицијално се споменува дека дополнително, во тајност, се монтирани уште пет примероци. Спачек стана легенда и дел од општата култура уште многу пред да престане да се произведува. Приказната за него започна во 1939 година, во заради втората светска војна развојот беше прекинат. Прототипите беа уништени, но семејството Мишелин кое тогаш беше сопственик на Citroen успеа да ги сокрие плановите од Германците и неговото сериско производство започна во 1948 година.
Citroen 2CV е продаден во повеќе од 5 милиони примероци.