Последниот вистински Vauxhall
» На денешен ден 1963 година Vauxhall го лансираше моделот Viva, кој беше настанат заедно со германскиот Opel Kadett претставен една година пред тоа, но немаше скоро ништо заедничко со него. Овој автомобил беше првиот сериозен чекор на Vauxhall во компактната класа после втората светска војна и успеа да ги освои Британците. Се произведуваше три генерации до 1979 година, после што сите модели на Vauxhall станаа ребрендирани модели на Opel. Произведени се 1.516.792 примероци, а од поновите годишта се среќаваше и на нашите патишта.