Renault го одбележува 123-тиот роденден
» На денешен ден 1899 година браќата Луј, Марсел и Фернан Рено ја основаа компанијата за производство на автомобили Societe Renault Freres. До тоа дојде два месеца откако Луј го направи (и продаде) првиот автомобил, по што ги повика браќата заеднички да се грижат за бизнисот. На почетокот се користеа мотори од De Dion-Bouton, а со сопствено производство на агрегати се започна во 1903-тата. Истата година Марсел загина на трката Париз-Мадрид а Фернан почина шест години подоцна, по што Луј продолжи сам да ја води компанијата сé до после втората светска војна, кога обвинет дека соработувал со окупаторот, под сомнителни околности почина во затвор чекајќи го судењето. Renault беше национализиран и француската држава и денес е нејзин најголем акционер.