Еден од најпосакуваните поствоени олдтајмери
» На денешен ден 1946 година Ford го испорача првиот примерок од кабриолетот Sportsman кој имаше делумно дрвена надградба на каросеријата. Настана како решение на Ford за ублажување на недостигот од челик, додека панелите од шперплоча од махагони беа набавени од преостанатите залихи на погонот на компанијата кој за време на втората светска војна произведуваше едрилици. Опремен со многу луксузни додатоци меѓу кои и електрично задвижуван покрив, беше и првиот Ford после 1908 година кој се продаваше поскапо од две илјади долари. Од овој модел кој денес важи за еден од најпосакуваните поствоени олдтајмери вкупно беа направени 2.274 примероци.