Спортист во костум
» На салонот на автомобилите во Брисел на денешен ден 1969 година дебитираше Ford Capri. Спортското купе со заносни линии беше вистинска сензација и сосема го заслужуваше слоганот „автомобилот што отсекогаш си го ветувал себе си“ под кој наредниот месец започна да се продава. Со дизајнот за кој беше задолжен Американецот Филип Кларк, еден од главните дизајнери на Mustang (што до 2010 година беше непознат факт) и користење на механичките компоненти од Cortina беше создаден европски еквивалент на американскиот пони автомобил. Успехот не изостана – Capri беше еден од најуспешните модели на Ford и во своите три генерации се продаде во скоро 1,9 милиони примероци.