Првиот автомобил опремен со DSG менувач
» Како специјално издание лимитирано на 5.000 примероци, Volkswagen го претстави Golf R32 кој беше прв автомобил опремен со DSG менувач. Неговата механика се базираше на Audi TT – 3,2 литарски VR6 мотор со 241 KS, погон на сите тркала, спуштено ослонување, поголеми сопирачки дискови… Забрзуваше до 100 km/h за 6,4 секунди, а постигнуваше максимални 247 km/h. Популарноста на Golf R32 беше толку голема што планираната серија брзо се распродаде и Volkswagen одлучи овој модел да продолжи да се произведува.