Од машини за шиење до автомобили преку велосипеди, мотоцикли и ладилници
» Пред точно 160 години, Адам Опел ја основа својата компанија за производство на машини за шиење. Бизнисот беше вносен, но неговите синови повеќе се интересираа за велосипедите и во 1886 година се започна со нивно производство. После смртта на Адам тие увидоа каде е иднината и во 1899 година го направија првиот автомобил. Оттогаш наваму сé е историја во која ќе остане забележано дека Opel има произведувано и мотоцикли, но после втората светска војна и ладилници од марката Frigidaire која беше во сопственост на General Motors, кој пак го купи Opel во 1929 година кога компанијата беше на врвот на својата слава произведувајќи 44 отсто од сите возила во Германија. Opel остана во состав на GM до 2017 година кога беше откупен од страна на PSA и денес е дел од Stellantis.