Zastava 101 отиде во заслужена пензија
» Неколку дена после Yugo, заради преземањето на фабриката во Крагуевац од страна на Fiat, во 2008 година беше запрено со производството и на Zastava 101. Но за разлика од Yugo, за 101 немаше кој да жали – тој ѕвездените моменти ги доживеа многу, многу одамна. Еден од нив беше и експедицијата Крагуевац-Килиманџаро од 1975 година, која од недоволно познати причини на времето беше медиумски слабо експонирана. Да погледнеме неколку кратки видеа од овој исклучителен потфат.